Претседателот на Индонезија и претседавач со Г-20 во мировна мисија во Украина и Русија

Од:

Индонезискиот претседател Јоко Видодо денеска ја започна посетата на Украина со намера да го охрабри продолжувањето на мировните преговори меѓу Русија и Украина и да најде начин да се ослободи житариците за извоз на светските пазари.

Претседателот Видодо и неговата сопруга пристигнаа со воз во украинскиот главен град Киев, објави официјалната веб-страница на индонезискиот претседател.

Видодо е претседавач на Г20 и еден од шесте светски лидери номинирани од Обединетите нации за „шампиони“ на Групата за глобален одговор на кризи (ГЦРГ), формирана за справување со заканата од глад и сиромаштија предизвикани од војната во Украина.

Тој рече дека е посветен на решавање на проблемите поврзани со зголемувањето на цените на храната и енергенсите, предизвикани од конфликтот во Украина кој доведе до недостиг на храна и енергија, што пак донесе инфлација во многу земји.

Пред војната, Украина беше еден од најголемите добавувачи на пченица во Индонезија.

Предвидено е шефот на индонезиската држава да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред да отпатува за Русија на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Индонезискиот лидер рече дека ќе се обиде да го убеди Путин да се согласи на прекин на огнот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени