Претседателот на Гватемала, Александро Џаматеи е во самоизолација и ќе работи од дома, откако најмалку 18 лица вработени во неговата резиденција, се позитивни на тестот за присуство на коронавирусот.
Џаматеи во телевизиското обраќање кажа дека и тој и потпретседателот Гилермо Кастиљо биле тестирани, но дека се негативни.
Кастиљо, исто така, ќе работи од дома.
Пристапот до резиденцијата во следните 72 часа ќе биде ограничен, а сите вработени ќе бидат тестирани.
Во Гватемала досега се потврдени 7.055 случаи на коронавирус, а 252 лица умреа.