Претседателот на францускиот Парламент позитивен на коронавирусот

Од:

Претседателот на францускиот Парламент, Ришар Феран е заразен со коронавирусот и е во самоизолација, соопшти денеска Парламентот во Париз.

Според француските медиуми, Феран (59) денеска направил тест за коронавирус, откако синоќа почувствувал благи симптоми слични на Ковид-19.

Феран, кој е целосно вакциниран против коронавирусот, отиде во самоизолација веднаш по позитивниот резултат на тестот, јави парискиот весник Фигаро.

Парламентот соопшти дека Феран ќе продолжи со активности на далечина и оти побарал од потпретседателот на парламентот Давид Абиб утре да претседава со седницата на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата