Претседателот на Чиле бара прошка од населението поради грешките во пописот од 2012.

Од:

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера ги замоли Чилеанците да му простат за пописот на населението во 2012 година, за кој анкетна комисија утврди дека е толку погрешен, што треба да биде фрлен во канта за отпад.

Ова, според аналитичарите, претставува политички гаф за Владата на Пињера само неколку месеци пред изборите во ноември, на кои се очекува победа на Мишел Бачелет.

Пињера изјави дека Владата ќе побара второ мислење од меѓународни експерти, пред да одлучи дали да организира целосно нов попис или да се обиде да ги корегира грешките.

Независна комисија од експерти, назначена од Владата на конзервативецот Пињера направи анализа на пописот, по што препорача тој да биде поништен и да се организира нов во 2015 година. Комисијата утврди дека 9,3 проценти од вкупно 17,4 милиони Чилеанци, не биле анкетирани.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле