Огромниот број починати и нови случаи на дневно ниво не придонесуваат претседателот на Бразил Жаир Болсонаро да го промени ставот за короанвирусот. Тој на жителите на земјата им порача да престанат за „цимолат“ и повторно ги критикуваше воведентите рестриктивни мерки.
„Престанете да цимолите ! До кога ќе плачете за короната ? Уште колку ќе седите дома во затворено. Никој веќе не може да издржи. Жал ми е за починатите, но мораме да најдеме решение за ова“- вели Болсонаро.
Овој коментар доаѓа веднаш откако во Бразил е регистриран најголемиот број починати во еден ден. Земјата се соочува со најлошиот дел од пандемијата. Во најлоша ситуација е од сите земји во Јужна Америка и плус заостанува во процесот на имунизација.
Вчера во земјата имаше уште 1699 починати. Пријавени се 75 102 нови случаи.