Претседателите на САД и Јужна Кореја се договорија да ја продолжат модернизацијата на одбранбениот сојуз

Од:

Претседателите на САД и Јужна Кореја, Барак Обама и Пак Гуан-хе се договорија двете земји да продолжат со модернизација на својот одбранбен сојуз, пренесоа руските медиуми.

Фактот дека Пак Гуен-хе ги избра САД за својата прва посета на странство како шеф на државата, ги покажува особените односи меѓу двете држави, забележа Обама.

-Се договоривме да продолжиме со модернизирање на нашиот одбранбен сојуз. Ќе вложиме средства во зацврстување на заедничкиот одбранбен потенцијал, во технологии, во (разработување) на ПРО, за на нашите вооружени сили да им овозможиме успешно да си помагаат, изјави американскиот лидер.

Во билатералните преговори ситуацијата околу Северна Кореја очекувано беше меѓу главните теми.

-Со претседателот (Обама) потврдивме дека под никакви услови нема да се согласиме со заканите на Северна Кореја и нејзините провокации, како и дека таквите дејствија само ќе доведат до уште поголема изолација на Пјонгјанг, рече јужнокорејската претседателка.

САД и нивните меѓународни партнери се надеваат дека Северна Кореја ќе се откаже од „своите провокации“, и покрај тоа што засега не се забележуваат позитивни промени, дополни Обама.

Пјонгјанг веќе не може да создава меѓународни кризи со своите нуклеарни провокации, подвлече американскиот претседател, уверувајќи дека САД и Јужна Кореја се целосно способни да се заштитат.

-Деновите кога Северна Кореја можеше да создаде криза и да извлече отстапки се минато, изјави Обама, цитиран од американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија