Прелиминарни резултати: Андри Ражоелина е победник на претседателските избори во Мадагаскар

Од:

Националната изборна комисија соопшти дека Андри Ражоелина е победник на вториот круг од претседателските избори во Мадагаскар кој се одржа на 19 декември, врз основа на прелиминарните резултати по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.

Според Комисијата, Ражоелина добил повеќе од 55 отсто од гласовите, а неговиот ривал Марк Раваломанана – над 44 отсто.

На гласањето меѓу двата поранешни претседатели и ривали гласале малку повеќе од 48 отсто од избирачите.

Претходно оваа недела, Раваломанана изјави дека на изборите имало масовни измами и ги повика своите поддржувачи да го „заштитат својот глас“.

Уставниот суд има девет дена да ги објави конечните резултати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар

Шест жртви на циклонот Бацирај во Мадагаскар

Ана Ололовска