Шест жртви на циклонот Бацирај во Мадагаскар

Од:

Најмалку шест лица загинаа откако синоќа циклонот Бацирај ја погоди африканската островска држава Мадагаскар и принуди на евакуација речиси 48.000 луѓе.

Ова се најновите податоци од денеска на Националната агенција за управување со катастрофи. Циклонот навистина ослабна во текот на ноќта, но источниот регион Мананџари беше поплавен од поројни дождови и силен ветер. Бацирај стигна до копното во Мананџари во саботата навечер како „интензивен тропски циклон“ со брзина на ветер од 165 км/ч (102 милји на час), соопшти Фали Фабиен од агенцијата за управување со катастрофи во земјата.

Националната метеоролошка служба соопшти дека „Бацирај ослабнал“, иако претходно предупреди за „значителна штета“. Просечната брзина на ветерот се намали за речиси половина до 80 км/ч, додека најсилните налети се намалија на 110 км/ч од 235 км/ч, објави Метео Мадагаскар.

Се очекува циклонот да продолжи на север во Индискиот Океан, но без да влијае на источноафриканскиот брег.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар

Мадагаскар повторно погоден од силно невреме, населението евакуирано

Ана Ололовска