Преку астероидите во потрага по интелигентен живот

Од:

Група британски и американски научници смета дека интелигентниот живот треба да се бара во соларните системи чиј астероиден појас е сличен на појасот во Сончевиот систем.

Но, тим научници од НАСА и британското Кралско астрономско друштво ја изложи теоријата според која астероидите всушност се клучен фактор не само за исчезнувањето, туку и за постанувањето на животот.

Проучувајќи ја улогата на астероидните појаси во разни соларни системи, како и во нашиот Сончев систем, заклучиле дека токму таму се наоѓаат некои од основните биогени материјали, како вода и тешки метали, кои астероидите ги ‘носат’ до планетите.

Астероидните појаси најчесто во некој систем се формираат на „снежната линија”, односно на место доволно студено да разните нестабилни материјали останат во цврста состојба. Нормално, самото постоење на појасот не е доволна гаранција дека некаде во негова ‘близина’ ќе настане живот. Научниците велат дека за тоа е потребна присутност не некоја планета на самиот раб на појасот.

Како пример го наведуваат Јупитер, кој со својата гравитација спречува задебелување на појасот, а притоа ‘вишокот’ на астероиди во најголем дел го тера надвор од Сончевиот систем, додека мал дел насочува кон Сонцето, а уште помал дел привлекува кон себе. На тој начин останатите планети, вклучувајќи ја и Земјата, се осигурани од постојано бомбардирање, а кога некој астероид и ќе долета, по ‘судниот ден’ останува доволно време до следниот удар да се развијат нови облици на живот.

„Да не ги убиеше ударот на астероидот диносаурусите, цицачите можеби никогаш не би еволуирале во интелигентни суштества”, изјави за „Регистер”, Ребека Мартин, научник од НАСА.

Нејзиниот тим набљудувал вкупно 520 планети, а за само 19 утврдиле дека се наоѓаат на релативно поволна локација во однос на астероидниот појас. Од друга страна, само четири отсто од појасите според густината е споредлив со појасот во Сончевиот систем.

„Сите наши напори во потрага по напреден живот би требало да ги насочиме на системи кои имаат некоја голема планета на работ на астероидниот појас”, изјави астрономот Марио Ливио од институтот Спејс Телескоп Сајенс.

 

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата