Прекинато тестирањето на оксфордската вакцина против Ковид-19 поради несакана реакција кај доброволец

Од:

Завршните клинички испитувања на вакцината против коронавирусот, развиена од компанијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, беа суспендирани откако учесникот во студијата имаше несакана реакција, пишува Њујорк Тајмс.

Иако фармацевтската компанија не даде детали за негативната реакција развиена од еден од вакцинираните волонтери, се појави информација дека тој има трансверзален миелитис, односно воспаление на ‘рбетниот мозок.

АстраЗенека го опиша прекинот како „рутински“, а болеста како „необјаснета“. Сепак, „Њујорк Тајмс“ известува дека доброволец во британската група испитаници развил воспалителен синдром кој влијае на ‘рбетниот мозок и кој може да биде резултат на вирусна инфекција или жариште на автоимуна болест.

Оваа болест вклучува целосен попречен пресек на ‘рбетниот мозок што спречува комуникација помеѓу мозокот и телото под нивото на воспаление. Симптомите се манифестираат само во дел од телото под линијата на воспаление и се поврзани со тешко движење и сензорни проблеми.

Времето на дијагностицирање, како и дали е поврзано со примената вакцина, сè уште не е познато. Независна истрага допрво ќе утврди дали болеста е последица на реакција на вакцината.

Би Би Си наведува дека ова е вторпат тестирањето на вакцината на Оксфорд да биде стопирано од април, кога започна тестирањето врз луѓе. Конечното одобрување за продолжување на тестирањето го издава надлежниот здравствен регулатор и оваа постапка трае неколку дена, но дотогаш сите понатамошни вакцинации во сите земји кои учествуваат во тестирањето се привремено прекинати.

Би можело да ве интересира

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски