Преговорите на КОП26 во Глазгов го пробија рокот

Од:

Преговарачите на Конференцијата на Обединети нации за климатските промени (КОП26) во Глазгов го пробија рокот на завршување и се обидуваат да постигнат консензус.

Двонеделната Конференција требаше да заврши во 19 часот по централноевропско време.

Преговарачите се обидуваат да постигнат консензус за тешки прашања, меѓу кои се и иднината на фосилните горица и одвојувања на средства за сиромашните држави поради ублажување на ефектите на климатските промени.

Министерот за шуми и климатски промени на Габон, Ли Вајт изјави дека преговорите ги кочат САД, со поддршка на Европска Унија.

Тој додаде дека постои недостиг на доверба меѓу богатите и сиромашните земји во распределбата на пари за справување со најлошите ефекти од климатските промени и за прилагодување на климатските промени.

Според Вајт богатите земји не се подготвени да формираат нов фонд, а земјите во развој сметаат дека постоечките механизми за финансирање се преоптоварени.

– Значи, донекаде сме во ќорсокак. САД не се подготвени да дадат пари за да се прилагодат на климатските промени и тие сакаат тоа да биде чисто доброволна основа, наведе додавајќи дека ЕУ ја поддржува американската позиција.

Одложувањето не е невообичаено кога станува збор за преговорите за климата спонзорирани од ОН. Претходната Конференција за климата во 2019 година во Мадрид, траеше два дена подолго од очекуваното.

Во моментот никој не знае колку ќе траат преговорите во Глазгов.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска