Шри Ланка денеска гласа на предвремени парламентарни избори, што се одбележани со ривалство меѓу претседателот Маитхрипала Сирисена и неговиот претходник Махинда Раџапакса.
Над 15 милиони лица со право на глас ќе изберат нов состав на 225-члениот парламент на земјата. За безбеднсота на изборите се ангажирани 74.000 полицајци и членови на паравоени формации.
Махинда Раџапакса управуваше со Шри Ланка околу 10 години, што е рекорд за Јужна Азија, пред изненадувачки да претрпи пораз на претседателските избори на 8 јануари од Сирисена. Двајцата се членови на патијата Обединет народен сојуз за слобода. Сирисена беше министер за здравство во кабинетот на Раџапакса, пред да се кандидира на претседателските избори.
На денешните избори Раџапакса е кандидат од округот Курунегала во северозападниот дел на островот во Индискиот Океан. Првичните изборни резултати се очекуваат утре.