Пред вториот круг од изборите во Бразил, Лула со седум отсто поголема поддршка од Болсонаро

Од:

Левичарскиот претседателски кандидат на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва има седум отсто поголема поддршка од гласачите од претседателот Жаир Болсонаро на помалку од една недела до вториот круг гласање, покажуваат резултатите од анкетата објавени во понеделникот.

Резултатите од истражувањето се во согласност со минатата недела, а Лула се уште има поддршка од 50 отсто гласачи, а Болсонаро 43 отсто.

Истражувањето на ИПЕК е спроведено помеѓу 22. и 24 октомври на примерок од 3.008 испитаници и има маргина на статистичка грешка од два отсто.

ИПЕК беше една од неколкуте агенции за анкетирање критикувани за потценување на поддршката за Болсонаро во првиот круг на гласање.
Вториот круг од претседателските избори во Бразил треба да се одржи на 30 октомври.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата