Поглаварот на Католичката црква, папата Франциско денеска во присуство на неколку илјади лица одржа миса на градскиот стадион во Тбилиси, која беше бојкотирана од свештенството на Грузиската православна црква.
На мисата на стадионот „Михаил Месхи“, кој има капацитет од над 27.000 седишта, присуствуваа околу 3.000 лица, па поголемиот дел од објектот остана празен.
– Малубројни и сакани верници во Грузија, кои сте посветени на хуманитарната работа и образованието, примете охрабување од Божјиот пастир и верувајте во оној, што ве носи на своите рамена и ве теши, порача папата во обраќањето на мислата.
Како што кави ДПА, Грузија е доминантно православна земја и според официјалните податоци во неа живеат само околу 20.000 католици. Меѓутоа, Католичката црква тврди дека во Грузија има околу 112.000 католици, што би било 2,5 отсто од населението.
Ватикан, кој престојот на папата во Грузија, а потоа и во Азербејџан, го најави како „мисија на мирот“ во кавкасвиот регион, очекуваше на мисата да присуствува и делегација на Грузиската православна црква. но таа соопшти дела „нејзиното свештенство не може да учествува на католичка верска служба поради догматски разлики, кои датираат уште од Средниот век“.
– На крајот не се појави ниту еден православен свештеник. Нивното присуство сепак ќе беше уште еден гест на добра волја по денешниот состанок на папата Франциксо со (поглаварот на Грузиската православна црква) патријаргот Илија Втори, изјави портпаролот на Ватикан, Грег Берк.
Грузиските медиуми посветија мало внимание на посетата на папата на Тбилиси и остана првенствено насочени кон предизборната кампања за изборите закжани за 8 октомври.
Папата Франциско во Тбилиси допатува синоќа, при што на аеродромот го пречекаа грузискиот претседател Гиорги Маргавелашвили и партијархот Илија Втори.
Од Тбилиси, папата ќе отпатува за Азербејџан.