Правната комисија на ЕП изгласа одземање на пратеничкиот имунитет на Марин ле Пен

Од:

Правната комисија на Европскиот парламент денеска со големо мнозинство изгласа да и биде одземен пратеничкиот имунитет на кандидатката за претседател на Франција, Марин ле Пен поради тоа што објавила снимки со насилни содржина на Исламска држава, соопшти европратеничката Лаура Ферара.

Таа наведе дека одлуката сега треба да биде потврдена од целиот Парламент со гласање во пленарната сала, но се уште не е одреден датумот за тоа.

Ле Пен е под истрага во Франција бидејќи во 2015 година на Твитер објави три снимки од егзекуции на ИД, меѓу кои и обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоули.

Правната комисија денеска го разгледуваше прашањето по барање на француските судски власти дали таквото однесување на Ле Пен е умесно.

ЕП минатата година прифати 22 од 26 барања од судските власти за одземање на пратенички имунитети.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз