„ПрајсВотерхаусКуперс“: Винстон Черчил најпочитуван лидер во светот

Од:

Британскиот премиер Винстон Черчил, најмногу познат по својата важна улога за време на Втората светска војна, е најпочитуваниот лидер меѓу претприемачите во светот, покажува истражувањето на „ПрајсВотерхаусКуперс“, цитирано од француските медиуми.

Черчил (1874-1965) е посочен од шефовите на компании од 30 земји, а е следен од Стив Џобс, коосновачот на технолошкиот гигант Епл (Аппле), кој почина од рак во 2011 година. По нив се редат херојот на индиската независност Махатма Ганди и водачот во битката против апартхејдот Нелсон Мандела, првиот црн претседател на Јужна Африка.

Во своето истражување, што било насочено кон ставовите на корпоративните шефови за нивните омилени лидери, експертите на „ПрајсВотерхаусКуперс“ анкетирале над 1.300 лица.

-Се појавија неколку групи: реформаторите (поранешниот премиер на Велика Британија Маргарет Тачер, која почина на 8 април годинава и Џек Велч, шеф на Џенерал електрик), борците (Винстон Черчил, Наполеон, Александар Велики), миротворците (Махатма Ганди, Нелсон Мандела), иноваторите (Бил Гејтс и Стив Џобс) и архитектите на консензусот (Бил Клинтон), посочува „ПрајсВотерхаусКуперс“

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он