Прага предлага проституцијата да стане „регулиран бизнис“

Од:

Локалната власт во Прага, предлага Закон за регулирање на проституцијата и сугерира давањето на сексуални услуги да се смета за „вообичаен бизнис”, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Според Предлог-законот, проститутките би аплицирале за дозвола за работа, би плаќале данок и задолжително здравствено и социјално осигурување.

Општините би добиле овластувања да одлучуваат за тоа дали на нивната територија би можело да функционира бордел и би ја имале целосната контрола врз нив.

Според претставниците на локалната власт, со Законот не се врши легализација на проституцијата, туку само нејзино регулирање.

Во Чешка, во моментот не постои никаква законска регулатива за проституцијата и очигледно е дека предлогот ќе предизвика јавна расправа.

Фактичката состојба, покажуава дека со проституцијата и ноќните клубови каде се нудат сексуални услуги најголем проблем има центарот на чешката метропола.

Само во централната општина на Прага, каде е во сила одредба за забрана на проституцијата на јавни места, има десетина еротски клубови.

Некои од експертите, сметаат дека прашањето на проституцијата е повеќе од социолошка природа и треба да се решава од државата, а не да се поттикнува.

Најновиот Предлог-закон ќе се најде на дневен ред на градскиот Совет и подоцна ако биде прифатен, за него ќе одлучуваат пратениците.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски