Прага ја тресе антиземанска хистерија, коментираат странските медиуми

Од:

Преговорите на чешкиот претседател Милош Земан и неговaто одлука за именување на владата на Јиржи Руснок, предизвика голема критика од медиумите и десницата во земјата, коментира белгискиот весник „Ла Либре”.

Според весникот, во Прага е разгорена антиземанска хистерија, а за чешката владина криза пишува и неделникот „Еуропиан војс” во материјалот за загрозените европски влади, јави дописникот на МИА од Прага.

Белгискиот весник, повикувајќи се на моменталната ситуација, пишува за фотографијата на чешкиот весник „Млада Фронта Днес” од јануари 1948 година, каде на транспарент пишува „Народот има потреба од влада на експерти”.

– Весникот, кој важи за близок на десничарската Граѓанска демократска партија (ОДС) реши да ги исплаши читателите со храбра паралела меѓу настаните од пред 65 години и актуелната политичка криза, пишува „Ла Либре”. Весникот, ја коментира појавата на кризата, по падот на владата на Петр Нечас поради наводна злоупотреба на воените тајни служби и именувањето на новата Влада на Руснок, која „благо речено не предизвика едногласни реакции“.

– Претставниците на коалицијата во заминување и понатамуму замеруваат на Земан дека не им ја понуди премиерската функција.

Поранешниот министер за надворешни работи Карел Шварценберг не пропушти да го спореди со Хитлер, додава весникот, кој се занимава и со приоритетите на новата чешка Влада. И тоа првенствено одобрување за доградбата на нуклеарната централа Темелин.

Според весникот, Земан пред се, се надева дека неговата смелост ќе ја преврти чешката политичка сцена, која е со краток здив по 20 години на „чист парламентариза“, постојани кризи и премногу слаби мнозинства.

Ако новата Влада ја добие парламентарната поддршка, претседателот ќе добие силна позиција пред изборите идната година, кога се очекува победа на левицата, додава весникот.

Бриселскиот неделник „Јуропиан војс” пишува дека владите на Чешка, Шпанија и Италија ги тресат старомодни скандали кои ги загрозуваат со децении, како и обвинувањата за корупција. Во Чешка, според весникот расчистувањата на скандалите-злоупотреба на разузнавачките служби, купување гласови и влијанието на политичките лобисти – „се сопнува“.

Во преден план се појави уставната криза, кога претседателот Земан одлучи да ја игнорира можноста за составување на мнозинска влада на три централно-десничарски партии и ја именуваше владата на Руснок.

Според „Јуропиан војс“, освежување на политичката сезона ова лето, е тоа што владините кризи не се толку предвидливи и неизбежни, како што беше случај со кризите предизвикани од еврозоната. Политиката во Европа е многу повеќе непредвидлива и затоа е повеќе забавна од некогаш, заклучува неделникот.

За чекорите на Земан во претседателскиот Кабинет пишуваше и германскиот весник „Судвест пресе“ кој обрна внимание на тоа дека и покрај неуспехот на неговата партијата на последните избори и малиот број (пет проценти) освоени гласови, сега членовите се истакнуваат со свои ставови и коментари.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски