Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Од:

Божиќниот пазар во Магдебург ги повика посетителите преку социјалните мрежи веднаш да ја напуштат областа поради моменталната ситуација по нападот што се случи вечерва.

На официјалниот Инстаграм профил на пазарот е објавен апел.

„Поради моменталната ситуација ве замолуваме да избегнувате да го посетувате божиќниот пазар. Ве молиме дозволете им на спасувачките екипи да си ја завршат работата и мирно да го напуштат пазарот!“, стои во објавата на Инстаграм.

Набргу по нападот на насобраната толпа напаѓачот е уапсен, а според информациите на Велт се работи за маж од Саудиска Арабија, роден 1974 година. На властите не им е познат како исламист.

Според тие информации, осомничениот претходно изнајмил автомобил, со кој потоа удрил во луѓето на божиќниот пазар.

На совозачкото седиште е пронајден багаж. Не е јасно дали содржи експлозивна направа; властите се уште не ја исклучуваат оваа можност.

Исто така, полицијата истражува дали возачот дејствувал сам, се сомневаат дека има уште инволвирани во нападот.

Оваа препорака дојде во време кога во Магдебург се случува драматична ситуација, откако БМВ влета во толпата на божиќниот пазар, при што загинаа најмалку 11, а беа повредени над 60 луѓе.

Полицијата во Магдебург потврди дека напаѓачот, одговорен за страшниот напад на божиќниот пазар во овој германски град, бил уапсен веднаш по инцидентот.

Според информациите доставени од полициски службеници, напаѓачот го возел својот автомобил „најмалку 400 метри“ низ божиќниот пазар, каде налетал на група луѓе, предизвикувајќи хаос и паника меѓу присутните.

Во моментот на нападот имаше толпи посетители кои уживаа во празничната атмосфера на плоштадот, а сцените на страв и збунетост брзо го зафатија местото.

По нападот, на првите повредени им била укажана помош во Универзитетската болница во Магдебург. Во моментов се згрижени првите десет до 20 пациенти, рече портпаролот.

Сепак, болницата е подготвена за значително повеќе повредени.

„Во моментов се надградуваме. Креветите за интензивна нега се подготвени“, рече портпаролот на универзитетската болница.

Сите хеликоптери за итни случаи во областа Хале летаат за Магдебург.

Би можело да ве интересира

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија