Во рамките на истрагата за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, уапсен е славниот фудбалер Раџа Наинголан (36).
Апсењето на поранешниот белгиски интернационалец е дел од пошироката истрага за организиран криминал која се фокусира на дистрибуција на кокаин во оваа земја.
Обвинителот посочи дека нема да има детали или коментари за истрагата која е во тек.
Контроверзниот фудбалер за деловен партнер го има Ибрахим Ахмадун, кој претходно беше поврзан со увоз на кокаин и беше осуден во САД во 2016 година.
Наинголан најголемиот дел од кариерата го помина играјќи во Италија, а беше шампион со Интер во сезоната 2020/21.
Неодамна му се приклучи на Локерен и постигна гол на своето деби за да заработи бод против Лирс. Тој натпревар се одигра само три дена пред фудбалерот да биде уапсен.