Пожарот во Калифорнија пристигна до Лос Анџелес

Од:

Властите на Лос Анџелес наредија евакуација на неколку кварта, откако пожарот се доближи откако пожарот се доближи до градот. Неколку илјади пожарникари денеска се борат со пожарите северно од Лос Анџелес.

Жителите од квартот помеѓу Мулхоланд Драјв на северот и булеворот Сансет на југот добија налог за евакуација, а огнот пустоши источно од автопатот 405.

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гаркети соопшти дека пожарот уништил 20 хектари вегетација и дека се уште не е локализиран. Чадот од пожарот се шири низ градот.

Помогнат од силниот ветер, огнот сега опфаќа повеќе од 26.000 хектари, се заканува на 12.000 згради и доведе до евакуација на околу 27.000 лица.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД