Пожарите во Калифорнија уништија околу 3.500 домови и трговски објекти

Од:

Шумските пожари во Калифорнија уништија околу 3.500 домови и трговски објекти, како и многу области за производство на вино, соопшти државната пожарникарска служба.

Во огнената стихија, која се шири со голема брзина, досега загинаа 17 луѓе, а 150 се водат како исчезнати.

Пожарот зафатил повеќе од 46.500 хектари земјиште од неделата поради сувото време и силниот ветар.

Повеќе од 90.000 домови и фирми во окрузите Сонома и Напа се без струја, а испораката на гас е прекината за повеќе од 28.000 домови.

Десетици илјади луѓе беа приморани на евакуација. Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во окрузите Напа, Сонома и пет други.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД