Пожари и натаму ја пустошат австралиската сојузна држава Викторија

Од:

Поради пожарите во австралиската сојузна држава Викторија, каде изгореа десетици домови, издадени се предупредувања за градовите источно од Мелбурн, изјави високиот функционер за вонредна состојба, Андреј Крисп.

Од петокот, 38 пожари во Викторија опустошија повеќе од 40.000 хектари шума и обработливо земјиште, уништија девет куќи и 23 помошни објекти.

– Стотици пожарникари се на терен и прават се што можат за безбедноста на заедницата, рече Крисп.

Во гаснење на пожарот ангажирани беа и 75 авиони и хеликоптери.

Пожарите во Австралија за време на јужното лето, кое заврши минатата недела, се вообичаена појава.

Викторија преживеа едни од најжестоките пожари. Само пред еден месец, беше одбележана 10 годишнината од „црната сабота“, кога во пожар настрадаа 173 лица и беа уништени повеќе од 2.000 домови.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница