Пожар во трговски центар во лондонски Камден

Од:

Голем пожар избувна доцна синоќа во познатиот трговски центар „Стеибл“ во општина Камден во северниот дел на Лондон.

Од засега непознати причини огнот избувнал во празните подпокривни прострории на центарот, во кој се сместени повеќе продавници за книги, облека и накит.

camden-fire

Маркетот важи за култно место за младите од Лондон и за бројните туристи, затоа што околу него има бројни пабови, ноќни клубови и мали ресторани, како и продавници за производи кои најчесто не може да се најдат во другите делови од Лондон, а кои работат од раните утрински часови.

Во гаснењето на пожарот учествуваа десетина противпожарни екипи и околу стотина пожарникари, а густиот чад од Камден се гледаше неколку километри.

Од центарот, како и од околните угостителски и трговски објекти, беа евакуирани повеќе од 600 луѓе, а полицијата ги блокира сите околни улици и го запре автобускиот сообраќај по главната улица во Камден, која го поврзува со центарот на британскиот главен град.

Во пожарот нема повредени. Претставник на противпожарната служба изјави дека пожарникарите успеале да спречат огнената стихија да ги зафати околните згради и да се рашири низ целиот кварт, како и да ја зафати пругата на надземната железница која минува над центарот.

„Стеиблс маркетот“ се наоѓа на местото на некогашнаата најголема лондонска коњушница „Пикфорд“ и на соседната ветеринарна болница, што заеднички функционирале во времето кога за градскиот сообраќај во Лондон, како и за влечење на сплавовите по каналите, била потребна коњска сила.

camden-fire1

Просторот на некогашната коњушница „Пикфорд“ се смета за локација со историско значење за Лондон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он