Пожар во индонезиската Претседателска палата

Од:

Пожар избувна денеска во објект во комплексот на Претседателската палата во индонезискиот главен град Џакарта.

pretsedatelska-palata-pozar

Огнот, кој ги зафатил третиот и четвртиот кат на зградата на Државниот секретаријат, избувнал во период кога повеќето од вработените ги напуштале своите канцеларии на крајот на работното време.

Опожарениот објект се наоѓа на 50-тина метри од Кабинетот на индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно.

На местото на пожарот пристигнале околу 30 противпожарни возила, од кои дел се вклучиле во гаснењето на огнот.

Причините за пожарот засега не се познати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени