Пожар избувна денеска во објект во комплексот на Претседателската палата во индонезискиот главен град Џакарта.
Огнот, кој ги зафатил третиот и четвртиот кат на зградата на Државниот секретаријат, избувнал во период кога повеќето од вработените ги напуштале своите канцеларии на крајот на работното време.
Опожарениот објект се наоѓа на 50-тина метри од Кабинетот на индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно.
На местото на пожарот пристигнале околу 30 противпожарни возила, од кои дел се вклучиле во гаснењето на огнот.
Причините за пожарот засега не се познати.