Во главниот град на Чеченија, Грозни се запали 35-катен хотел. Пожарот избил на четвртиот и петтиот кат.
Сите луѓе од хотелот „Грозни сити“ се евакуирани и никој не е повреден.
Во хотелот е и апартманот на францускиот актер Жерар Депардие, кој е подарок од чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Во „Грозни сити“ со пет ѕвезди покрај хотелски соби има и приватни апартмани.