Пожар во дом за стари лица во Милано, најмалку шестмина загинаа, 68 се повредени

Од:

Шест лица, од кои пет жени, загинаа, а најмалку 68 се повредени во пожар во текот на ноќта во дом за стари лица во Милано, соопшти денеска италијанската служба за итни случаи.

Портпаролот на противпожарната служба за Ројтерс ја потврди бројката на загинати, велејќи дека пожарот е изгаснат и се истражуваат неговите причини. Тој соопшти дека три лица се хоспитализирани во критична состојба, 15 со тешки повреди кои не се опасни по живот и околу 50 се со полесни повреди.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, во разговор со новинарите на лице место изјави дека пожарот бил изгаснат многу брзо, но дека поради испарувањата и чадот голем дел од корисниците на домот останале зашеметени.

Италијанските новински агенции, цитирајќи ги регионалните служби за итни случаи, претходно објавија дека 81 лице се хоспитализирани, меѓу кои две се во критична состојба.

Според медиумите, пожарот избувнал нешто по полноќ во зградата во југоисточниот кварт Корвето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он