Повторно големи пожари на Суматра

Од:

Индонезискиот остров Суматра го зафатија големи пожари, кои беснеат веќе три дена, а пожарникарите и локалното население тешко се справуваат во обидите пожарите барем да се локализираат. Сателитските снимки покажуваат дека денеска на Суматра има 600  локации на кои горат шуми.

Шесте загрозени провинции прогласија висок степен на тревога, бидејќи на густиот чад се изложени над 25,6 милиони жители на Суматра и Калимантан.

Најзагрозен денеска е Националниот парк Керинчи Себлат, кој се простира на 13.791 квадратни километри, а само до пладне по локално време пожарот проголтал над 100 хектари од прашумите.

Поради се погустиот чад. чии облаци веке допреа и до териториите на Сингапур и Малезија, во неколу провинции ма Суматра се затворени училиштата, а авионскиот сообраќаје најчесто е невозможен.

Причина за пожарите во Индонезија најчесто е човечкиот фактор. Во обид да се расчистат прашумите, за на нивно место да се подигнат профитабилните фарми со палми од кои се добива доста скапото масло, сопствениците и концесионерите најчесто се одлучуваат шумите да ги „расчистат’’ со нивно палење, но тие пожари тешко се контролираат, особено во овој период кога Инонезија и дел од регионот на југоисточна Азија ги погоди невообичаено долга суша.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Голем број загинати, раселени и исчезнати на островот Суматра

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски