Индонезискиот остров Суматра го зафатија големи пожари, кои беснеат веќе три дена, а пожарникарите и локалното население тешко се справуваат во обидите пожарите барем да се локализираат. Сателитските снимки покажуваат дека денеска на Суматра има 600 локации на кои горат шуми.
Шесте загрозени провинции прогласија висок степен на тревога, бидејќи на густиот чад се изложени над 25,6 милиони жители на Суматра и Калимантан.
Најзагрозен денеска е Националниот парк Керинчи Себлат, кој се простира на 13.791 квадратни километри, а само до пладне по локално време пожарот проголтал над 100 хектари од прашумите.
Поради се погустиот чад. чии облаци веке допреа и до териториите на Сингапур и Малезија, во неколу провинции ма Суматра се затворени училиштата, а авионскиот сообраќаје најчесто е невозможен.
Причина за пожарите во Индонезија најчесто е човечкиот фактор. Во обид да се расчистат прашумите, за на нивно место да се подигнат профитабилните фарми со палми од кои се добива доста скапото масло, сопствениците и концесионерите најчесто се одлучуваат шумите да ги „расчистат’’ со нивно палење, но тие пожари тешко се контролираат, особено во овој период кога Инонезија и дел од регионот на југоисточна Азија ги погоди невообичаено долга суша.