Повик населението во Сиера Леоне да не излегува од домовите за да се спречи ширењето на ебола

Од:

Владата на Сиера Леоне побара од целото шестмилионско население во земјата три дена да не излегува надвор од своите домови за да се спречи ширењето на ебола.

Кампањата започнува утре, а локалните експерти сметаат дека на овој начин ќе се спречи ширењето на епидемијата од смртоносната болест во регионот. Се предвидува сите граѓани да не ги напуштаат домовите доколку немаат потреба, а околу 20.000 доброволци во меѓувреме да ги изнесуваат од станбените згради телата на починатите и да ги пренесат заразените во болници и времени центри.

Скептиците стравуваат дека Сиера Леоне, која е една од најсиромашните земји во светот, нема да може да спроведе ефективна кампања, а преземените мерки само ќе ја заострат кризата.

– Властите во земјата си поставуваат „крајно нереални“ цели, смета Жан-Ерве Брадол, поранешен раководител на организацијата „Лекари без граници“, кој има огромно искуство со борбата против епидемии во Африка.

Според него, Сиера Леоне не може да организира посети во сите семејства за три дена, за многумина ќе биде многу тешко да останат затворени 72 часа, сите лекари ги немаат потребните квалификации и во земјата нема да може да се создадат доволно центри за борба против болеста.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски