Повеќето од жртвите на бомбашкиот напад во Кабул се девојчиња

Од:

Повеќето од жртвите на самоубиствениот бомбашки напад во Кабул се девојчиња, пренесоа западните агенции, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Во нападот на бомбаш самоубиец во образовен центар во шиитската област Дашт-и-Барча, денеска загинаа најмалку 19 лица, а 27 се ранети. Нападот бил изведен во момент кога студентите се подготвувале за приемен испит на универзитетот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Бројот на напади во Авганистан се намали откако талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, но безбедносната ситуација се влоши во последните месеци.

Образованието е чувствително прашање во Авганистан, бидејќи талибанците се противат девојчињата да одат во средни училишта. И Исламска држава се противи на образованието на жените и девојчињата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Три лица се избодени со нож во училиште во Канада, напаѓачот е уапсен

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

А1он

Најмалку шест лица повредени во нападот на железничката станица во Париз

Горан Наумовски

Експлозија на воениот аеродром во Кабул – има загинати

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он