Повеќето од напаѓачите на Малала Јусафзаи тајно пуштени од затвор

Од:

Осумина од десетмината талибанци, кои беа осудени за вооружен напад врз младата Пакистанка, Малала Јусафзаи, тајно се пуштени од затвор, пишува лондонски „Дејли Мирор“.

Пуштањето на луѓето кои се обидоа да ја убијат Малала која агитираше да им се доволи на девојчињата да одат на училиште и да се образуваат, доаѓа откако на судењето во април сите десетмина беа осудени на по 25 години затвор, што во Пакистан се смета како доживотен затвор.

Весникот ја откри тајната за атентаторите, случајно, кога се обидел да дознае како тие се однесуваат во затворот од шефот на полицијата во пакистанската провинција Сват, Салем Марват, при што дознал дека во затвор се задржани само двајца од осудените.

Претставник на пакистанската амбасада во Лондон потврди дека осумина од осудените се пуштени, објаснувајќи го тоа со „недостиг на докази“ за нивната вина при учеството во нападот.

Во октомври 2012 година десетина вооружени мажи го запреа училишниот автобус во кој патуваше Малала, заедно со другите ученици и почнаа да пукаат врз немоќното девојче.

Малала, која тогаш имаше 15 години, беше тешко ранета во главата и подоцна итно префрлена на лекување во Велика Британија. Полесно ранети беа и други две девјчиња кои седеле до Малала.

Полицијата ги обвини пакистанските талибанци за нападот, но тврдеше дека напаѓачите, како и човекот кој го наредил убиството на младата Пакистанка, побегнале на авганистанска територија.

Претствник на судот сега тврди дека двајцата кои се задржани во затворот се извршители на нардебата за убиство на девојчето.

Откривањето на тајното ослободување на осумтемина осудени доаѓа по изразеното сомневање во регуларноста на нивниот процес. Сите десетмина беа судени на затворен процес, без присуство на јавноста и во простории кои и припаѓаат на армијата, а не во цивилен суд.

Малала Јусафзаи заедно со своите родители сега живее во егзил во Велика Британија, во Бирмингем, каде што и натаму се изложени на закани за убиство.

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг се сретна со нобеловката Малала Јусуфзаи

Ана Ололовска

Малала ја заврши посетата на Пакистан

Ана Ололовска

Гутереш ја назначи Малала за Амбасадор за мир на ОН

Ана Ололовска

Малала Јусуфзаи и Каилаш Сатјарти ја примија Нобеловата награда за мир

Емир Латифовиќ

Врачена Нобеловата награда за мир на Малала и на Сатјарти

Ана Ололовска

Тинејџерката-нобеловка Малала сака да стане пакистански премиер

Ана Ололовска