Малала Јусуфзаи и Каилаш Сатјарти ја примија Нобеловата награда за мир

Од:

Пакистанското девојче Малала Јусуфзаи, која талибанците ја ранија затоа што не сакала да го напушти училиштето, и индискиот активист Каилаш Сатјарти денеска ja примија Нобеловата награда за мир на церемонија во Осло, пренесе МЕТА.

Признанието им е врачено за време на дводневната манифестација, на која им се одаде почит за нивното залагање за правата на децата.

Малала стана најмладиот лауреат откако по ранувањето в глава тргна во глобална кампања. Одредени групи во Пакистан ја обвинија дека е марионета на Западот и оти ги урива начелата на конзервативниот ислам.

– Ја раскажував својата приказна, не затоа што е единствена, туку затоа што не е. Тоа е приказна на многу девојчиња – рече Малала, примајќи ја наградата.

Сатјарти, кој се смета заслужен за спасување на околу 80.000 деца од ропство, понекогаш и насилни конфронтации, не се истакнуваше во Осло, па дури и призна дека Малала го засенила.

– Изгубив двајца свои колеги. Носењето на телата на колегите кои се бореа за заштита на деца, е нешто што никогаш нема да го заборавам, дури и кога седам и ја примам Нобеловата награда за мир – рече индискиот активист.

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг се сретна со нобеловката Малала Јусуфзаи

Ана Ололовска

Малала ја заврши посетата на Пакистан

Ана Ололовска

Гутереш ја назначи Малала за Амбасадор за мир на ОН

Ана Ололовска

Повеќето од напаѓачите на Малала Јусафзаи тајно пуштени од затвор

Емир Латифовиќ

Врачена Нобеловата награда за мир на Малала и на Сатјарти

Ана Ололовска

Тинејџерката-нобеловка Малала сака да стане пакистански премиер

Ана Ололовска