Грета Тунберг се сретна со нобеловката Малала Јусуфзаи

Од:

Климатската активистка Грета Тунберг и нобеловката Малала Јусафзаи се сретнаа на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија. Разговараа за својот активизам меѓу себе, но и со другите студенти.

Јусафзаи на Оксфорд студира филозофија, политика и економија.

„Таа (Грета) е единствена пријателка поради која би прескокнала настава”, напиша Јусафзаи на Твитер. Тунберг пак, во својата објава како одговор на тоа, ја нарече – пример за самата себе.

Малала Јусафзаи е од Пакистан и, 2014 година, на свои 16 години, стана најмлада добитничка на Нобелова награда за мир. Позната е по своите заложби за правата на жените и правото на образование. Пред осум години, талибанци се обидоа да ја убијат, но беше спасена со операција.

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг: Пандемијата ги загрози правата на децата

Ана Ололовска

Грета Тунберг мисли дека има коронавирус

А1он

Студен туш од Грета Тунберг на министерскиот состанок за животна средина на ЕУ

Ана Ололовска

Грета Тунберг се очекува во Брисел да учествува на министерски состанок на ЕУ

Ана Ололовска

Се појави „анти-Грета“ – миленичка на десничарите во Германија

А1он

Грета Тумберг со пари од награда основа фондација

Ана Ололовска