Повеќето Американци ја поддржуваат одлуката за убиството на Сулејмани

Од:

Новата анкета на АП НОРК Центарот за истражување на јавното мислење покажа дека Американците иако се сомневаат во надворешната политика што ја води претседателот Доналд Трамп, ја поддржале одлуката да нареди беспилотен напад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Во истражувањето што е спроведено две недели по убивањето на Сулејмани во Ирак, 41 процент од Американците ја поддржале акцијата, 30 проценти не ја поддржале, а останатите 53 проценти не се изјасниле.

Отсуството на ескалација би можела да објасни дел од поддршката на народот, изјави Трита Парси, извршен подпретседател на Институтот Квинси.

Анкетата покажа дека 50 отсто не го одобруваат начинот на кој Трамп ја води надворешната политика, а 43 отсто не го одобруваат неговото управување со економијата.

Кога станува збор за партиска поддршка поврзана со убиството на генералот Сулејмани, 80 отсто од републиканците ја поддржуваат таа одлука, а само пет проценти се против, наспроти демократите од кои само 15 отсто ја поддржале таа одлука, а 53 отсто се против неа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски