Повеќе од четири милиони жители на Чиле останаа без вода за пиење

Од:

Повеќе од четири милиони граѓани на Сантјаго, што е околу 80 проценти од населението на главниот град на Чиле, останаа без вода за пиење поради поројниот дожд кој ги зафати реоните околу Андите, соопштија локалните власти.

Прекин со водоснабдувањето имало во 25 од 52 општини во Сантјаго, објави компанијата „Агуас Андинас“, која снабдува со вода 70 отсто од жителите на главниот град.

Претпријатието објасни дека морало да ги затвори пречистителните станици поради силниот дожд во зоната пред Андите, кој предизвикал загадување со кал од реката Маипо.

Од компанијата очекуваат дека нормализирањето на водознабдувањето ќе се случи до крајот на денов.

Би можело да ве интересира

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера

(ВИДЕО) Во пожарите во Чиле 99 мртви и над стотици исчезнати: „Овие бројки драстично ќе растат“

64 лица загинаа во шумски пожари во Чиле

Горан Наумовски

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Најмалку 10 лица исчезнаа во шумски пожари во Чиле, воведена е вонредна состојба

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле