Индонезиската полиција уапси 64 од 240-те затвореници, кои избегаа во четвртокот од затворот во градот Медан.
Полицијата продолжува да трага по останатите пребегнати затвореници. Во операцијата учествуваат околу 800 лица, а меѓу избеганите затвореници има лица осудени за тероризам.
На 11 јули во затворот „Танџуг Густа“ изби бунт поради запирање на електричната енергија и водоснабдувањето. Во судирите загинаа тројца затвореници и двајца чувари.