Повеќе од 440 повредени полицајци и десетици демонстранти – билансот на немирите низ Франција

Од:

Четиристотини четириесет и еден полицаец и десетици демонстранти беа повредени во последните протести низ Франција против пензиските реформи.

Претседателот Емануел Макрон е под притисок да најде начин за излез од кризата што го предизвика најголемото улично насилство во Франција во последниве години поради законот за пензија што го усвои парламентот без гласање.

Во Париз и многу градови низ земјата, комуналните претпријатија чистат скршено стакло, запалени контејнери и искршени автобуски постојки по насилните ноќни судири меѓу демонстрантите облечени во црно и полицијата.

Властите соопштија дека уапсени се 475 лица. Десетици од приведените исто така беа повредени, меѓу кои и една жена која.

Според пишувањата на европските медиуми, повеќе од милион луѓе излегле на протести низ земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

Нова истрага против Марин Ле Пен

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната