Над 400 работници во текстилна фабрика во Виетнам се хоспитализирани поради колективно труење со храна, соопштија денеска виетнамските санитарни власти.
Вработените во фабрика на компанијата „Реџина Мирикл Интернешнал“, која главно произведува долна облека за брендот „Викторијас Сикрет“, биле хоспитализирани вчера во болница во градот Хаи Фонг во северен Виетнам, објави државниот весник „Тан Ниен“.
Претставникот на санитарните власти Фам Ту Хан за државната телевизија изјави дека денеска на хоспитализација се останати уште 223 работници со „помали симптоми“ од труење со храна.
Отворена е истрага за утврдување на причините за труење во мензата на фабриката на„Реџина Мирикл“, која вработува меѓу 15.000 и 20.000 лица ширум Виетнам.
Компанијата засега не го коментираше случајот.
Случаи на труење со храна, особено во фабричките мензи, се честа појава во Виетнам.