Повеќе од 200 повредени во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата во Бејрут

Од:

Повеќе од 200 луѓе се повредени во денешните судири помеѓу антивладини демонстранти и безбедносните сили на различни места во главниот град на Либан, Бејрут.

За време на судирите во Парламентот се одржување на која се гласаше доверба на новата влада, јави “ДПА”.

На 175 лица им е укажана лекарска помош на лице место, а 26 се хоспитализирани, изјави Жорж Кетане, шеф на либанскиот Црвен крст.

Либан од 17 октомври минатата година е зафатен со протести поради кои оставка поднесе премиерот Сад Харири.

Пред денешните протести, стотици демонстранти кои не го прифатија новиот кабинет предводени од Хасан Диаб и се обидоа да ги спречат пратениците да влезат во зградата на Парламентот и да присуствуваат на седницата.

Демонстрантите ги повикаа Либанците да се приклучат на маршот кон Парламентот и да ги спречат пратениците да дојдат до зградата.

Сепак, најмалку 65 од 128 пратеници беа во можност да стигнат работното место со што беше обезбеден кворум.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда