Повеќе од 20 возови во Бугарија чекаат да се обнови пругата низ Србија

Од:

Во моментов на територијата на Бугарија има над 20 товарни возови кои чекаат да тргнат кон Србија, но железничката врска е прекината поради несреќата во Пирот, изјави за БНТ заменик-министерот за транспорт на Бугарија, Красимир Папукчијски.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Папукчијски, во моментов преку мостот Дунав не можат да се пренасочуваат повеќе од два до четири возови дневно, а оттаму преку Романија кон другите делови на Европа, поради промената на меѓународните железнички коридори и снабдување на Украина со потребните материјали за тоа.

Поради ова, Бугарија во моментов воведе рестрикции за возовите кои доаѓаат од Турција и патуваат кон Европа. Но, тоа не е ефективно наметнато, бидејќи ако стане неопходно, ќе го отежне билатералниот транспорт од Бугарија до Турција и од Романија до Турција, што поминува низ нејзината територија во транзит.

Тој наведе дека очекува најдоцна до утре да биде обновен преминот во Пирот.

Бугарија очекува Србија да преземе мерки за обновување на сообраќајот долж меѓународниот железнички коридор, но според него, властите во Белград се уште не можат да се изјаснат дека во текот на денешниот ден ќе се справат и ќе го вратат сообраќајот.

Папукчијски рече дека Бугарија за која било причина не може да се обвинува за несреќата кај градот Пирот. Според него, само товарот е бугарски, а цистерните се германски и француски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8