Повеќе од 20 луѓе се убиени ноќеска во напад на толпа врз најголемата челичана во Виетнам во моменти кога насилните антикинески протести се шират кон центарот на државата.
Нападната челичана е во сопственост на „Формоза пластик груп“, најголем тајвански инвеститор во Виетнам.
Стотици Кинези го напуштија Виетнам и заминаа во соседна Камбоџа поради антикинеските протести, кои почнаа во индустриски подрачја вчера на југ во Виетнам, откако Пекинг постави нафтена платформа во дел од Јужнокинеското Море, на која право смета дека има Ханој.