Над 20 лица се убиени во последниве два дена при судири во источниот дел на Либија, меѓу силите на меѓународно признатата влада и исламистите.
Во Бенгази денеска загинале 13 лица, од кои петмина припадници на силите на меѓународно признатата влада и осуммина екстремисти.
Во истиот град вчера се убиени 14 борци на официјалната власт во Либија.
Веќе една и пол година Бенгази е арена на крвави судири меѓу владини сили и повеќе екстремистички групи, меѓу кои Исламска држава и „Ансар аш Шарија“, која е блиска на Ал Каеда.