Повеќе од 2.000 жртви меѓу мигрантите при обиди да се премине Медитеранот

Од:

Повеќе од 2.000 луѓе ги загубија животите оваа година во обид да го преминат Средоземното Море и да стигнат до Европа, со што тоа е најопасната мигранстка маршрута во светот, соопшти денеска Меѓуинародната организација за миграција.

Според податоци на ИОМ, речиси 188.000 луѓе досега се спасени во водите на Медитеранот, а до крајот на оваа недела таа цифра може да достигне и 200.000.

– За жал достигнавме точка на која повеќе од две илјади мигранти и бегалци ги загубија животите до изминатиот викенд, изјави Итаи Вирири, портпарол на ИОМ.

Во истиот период лани на тој пат настрадале 1.607 мигранти додека во цела 2014 година животот го загубиле 3.279 луѓе.

Речиси сите кои преку Медитерано пловеле најчесто во неисправни бродови и со помош на трговци со луѓе, се истовариле во Италија и Грција – 97.000 односно 90.500, наведува ИОМ.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто