Повеќе од 120 килограми кокаин откриени под трупот на товарен брод во Ла Рошел

Од:

Нуркачите од Северноатлантската царинска крајбрежна стража пронашле повеќе од 124 килограми кокаин на пристаништето Ла Рошел, во потопена шуплина во трупот на товарен брод. За да ја извадат дрогата, во вредност од 7,5 милиони евра, им биле потребни три нуркања, јави дописникот на МИА од Париз.

Товарниот брод доаѓал од пристаништето Сантос, Бразил, да истовари каша од хартија во Ла Рошел. Штом товарот пристигнал во чекалната на трговското пристаниште, царинските службеници се качиле да ги извршат вообичаените проверки, испраќајќи тројца нуркачи да го испитаат трупот на бродот.

За време на нивната проверка, нуркачите ја осветлиле шуплината длабока дванаесет метри и забележале дека во неа има неколку „сјајни кеси“, соопшти царинската служба.

Потребни беа уште две нуркања за да се исфрлат на површина три вреќи полни со наркотици „спакувани со водоотпорен неопрен и пондерирани со дискови од леано железо“, прецизира царината. Запленети се вкупно 124,28 килограми кокаин во вредност од над 7,5 милиони евра.

Капетанот на бродот од кинеска националност бил ставен во царински притвор до пристигнувањето на бродот во пристаништето. Стоката и екипажот, составен од 23 морнари од кинеска националност, се предадени на судските полициски служби на Француската канцеларија за борба против наркотици (ОФАСТ).

„Банализирањето“ на оваа техника на криење на пратките на дрога под бродови во последните години ги загрижува француските разузнавачки служби, објави во април „Фигаро“. Во 2021 година, царинските служби заплениле 18,62 тони кокаин, што е зголемување за 105,5 проценти во однос на 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција