Повеќе од 12.000 пријавени за астронаути на НАСА во програмата „Артемис“

Од:

Повеќе од 12.000 лица аплицирале за астронаути во новата програма на НАСА- „Артемис“, соопштија од вселенската агенција, јави ДПА

Вселенската агенција го доби вториот најголем број апликации за некоја своја мисија, чија цел е американските астронаути повторно да слетаат на Месечината до 2024 година, за потоа евентуално испратат астронаутите и на Марс.

Претставникот на НАСА, Џим Бриденстен изјави дека програмата „Артемис“ отвора „смела нова ера“ за истражување на вселената и дека биле „воодушевени кога виделе толку многу апликанти“, појаснува германската агенција.

НАСА во февруари соопшти дека бара нови астронаути.

Барањата се апликантите бидат државјани на САД и да поседуваат магистерски студии во некоја научна област, како и да имаат најмалку две години професионално искуство или најмалку 1.000 часа обука на летање.

Кандидати што успешно ќе ја мината првичната селекција ќе добијат две години почетна обука за роботика, вселенско летање и лидерство. НАСА во моментов располага со 48 активни астронаути.

Новите кандидати за астронаути се очекува да бидат објавени во летото 2021 година, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он