Повеќе од 100 вработени во кланици во Франција се заразени од новиот коронавирус

Од:

Загриженоста расте поради бројните заразувања со Ковид-19, забележани во кланиците и работилниците за сечење месо во Франција и ширум светот. Бројот на заразените од коронавирусот во француските кланици е околу 100 лица, јави дописникот на МИА.

По САД и Канада, сега погодени се и француските кланици и работилници за преработка на месо. Три жаришта на инфекции со Ковид-19 се идентификуваат од 10 мај во Ванде (20 случаи), Кот д’ Амор (69 случаи) и Лоаре (34 случаи).

Министерот за земјоделство, Дидие Гијом, изутринава на ФрансИнфо изјави дека „Се уште не е познато зошто овие три кланици станаа жариште на заразување, регионалните здравствени агенции работат на тоа“, рече тој.

Сепак, според него се верува дека заразата може да се случила во соблекувалната во моментот на смената.

-Ние ги тестиравме сите вработени во трите кланици, но за момент не сме спровеле нов протокол. Можно е да ги тестираме сите работници во кланиците во Франција, или да го намалиме ритамот на работата, ако здравствените власти го побараат тоа, рече Дидие Гијом.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата