Повеќе од 100 камиони со хуманитарна помош се ограбени во Кан Јунис

Од:

Повеќе од 100 камиони на Светската програма за храна на ОН натоварени со брашно се ограбени во областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија денес палестинските медиуми.

Израелската веб-страница „Ynet“ објави дека група луѓе нападнале околу 110 камиони натоварени со брашно, чија дистрибуција требало да започне утре.

Според „Тајмс оф Израел“, видео до кое дошле медиумите покажува пукање, но нема непосредни извештаи за повредени.

Портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања вчера изјави дека „Газа е најгладното место во светот“, со „100 проценти од населението во опасност од глад“.

Израел почна да дозволува одредена хуманитарна помош во Газа минатата недела, откако го блокираше влезот на храна, лекови, гориво или други стоки од 2 март.

Израел го обвини Хамас за кражба на помош и вели дека се потребни „строги контроли“ за да се спречи помошта за групата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети