Повеќе од 1,2 милиони домови во Франција останаа без струја

Од:

Повеќе од 1,2 милиони домови во Франција останаа без струја по бурата Киеран што ја погоди земјата во текот на ноќта, а ветровите достигнаа максимална брзина од 193 километри на час.

Невремето остави 1,2 милиони домови без струја во Франција, од кои 780.000 се во Бретања, соопшти францускиот дистрибутер на електрична енергија, пренесе Франс 24.

Метеоролозите најавија дека невремето во текот на денот ќе се пресели во внатрешноста, а во сила е портокалов метео аларм за вкупно 31 француски департман.

Во некои области долж Атлантикот се очекуваат бранови високи од осум до 10 метри, а во Париз на сила е предупредување за силен ветер.

Во Франција се очекува да биде прекинат сообраќајот од неколку аеродроми низ земјата до петок наутро, како и железничките линии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција